КОЧАНЧАНКИ СО ПОРАЗ ЈА ЗАПОЧНАА СЕЗОНАТА, НО НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА

Во Спорт
август 17, 2025
1 минути

Се одиграа натпреварите од првото коло во  Првата Фудбалска Лига за жени. Екипата на ЖФК „Кочани“ по две години пауза повторно се врати во највисокиот ранг од ова натпреварување и претрпе пораз на стартот од екипата на „Скопје 2014“.

Домаќините се покажаа како подобра екипа во моментот и сосема заслужено славеа со 3:0 (1:0). Сепак во таборот на кочанскиот прволигаш никој не е загрижен за загубениот натпревар, напротив, како што истакнуваат задоволни се од прокажаната игра.

Домаќините во чии редови има поискусни играчи резултатот го отворија  дури во 34’ што сведочи за добрата игра на девојчињата на Шефот на стручниот штаб Оливер Јовановски. Во второто полувреме гостинките од „градот на оризот“ се подотворија а екипата на „Скопје 2014“ тоа го искористи и со погодоците во 56’ и 77’ дојде допрвите бодови во првенството.

„И покрај поразот задоволен сум од настапот на моите играчи. Одигравме добар натпревар а според прикажаното резултатот е реален. Нашите девојчиња од кои повеќето за прв пат играат во ова елитно натпреварување и се судрија со квалитетен противник не разочараа. Поразот нема да не обесхрабри, напротив ќе работиме уште повеќе и резултатите кога-тогаш ќе си дојдат на вистинското место. Место за паника нема, одиме понатака“ беше дециден Шефот на Стручниот штаб на ЖФК „Кочани“ Оливер Јовановски.

Резултати од првото коло:

Скопје 2014 – Кочани  3:0

Љуботен – Истатов  5:0

Топ Гол – Брера Тиверија  1:2

Речица – каменица Саса  1:3

Ас Јунајтед – Атлетико  8:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ