Истрајноста на жителите на Кочани конечно по повеќе од една година успеаја да ги натераат надлежните на преговори се со цел да добијат чист воздух за дишење и да поинаку размислуваат за иднината на генерациите што доаѓаат.
Блокадите кон „Кочанската Етна“ вродија со плод, денес екипи од КЈП „Водовод“ како и пред блокадите се погрижија да го исчистат сметот кој ние жителите на кочани го фрламе контролирано и неконтролирано. Работеа од раните утрински часови за да глетката од вчерашниот ден ни биде поинаква.
Градот се врати во состојба пред блокадите а до кога ова ќе трае се зависи од оние кои ветија дека горење и чадење од депонијата ќе нема. Дека другите општини нема да вршат дотур на нивни смет, дека депонијата ќе ја обезбедуваат стражарски служби, дека ќе се постават надзорни камери и дека депонијата ќе биде секогаш обезбедена.
Дали ќе го одржат својот даден збор од нив зависи.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ