СТАНАРИТЕ ОД ЛАМЕЛА „А“ ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР БАРААТ ДА ИМ СЕ УРЕДИ ДВОРНОТО МЕСТО

ноември 2, 2024
0 минути

Граѓаните на Кочани со протести го искажаа незадоволството од односот кон нив од страна на надлежните во општината кога е во прашање горењето и чадењето од Градската депонија. Без цврсти и единствени, истрајаа до крај и надлежните од општината мораа да попуштат, односно да ги прифатат нивните барања и да кочанчани почнат да дишат чист воздух.

Ако како жителите на Кочани единствени и истрајни беа и станарите од ламела „А“ во Градскиот Трговски Центар немаше сега нивното дворно место да биде така неуредено, со потемнети мермерни плочи, со трева меѓу мермерните плочи, за р’ѓосани капаци а што е најважно трите куќни совети од трите влезови ќе си стопанисуваа со угостителските објекти на источната страна од зградата.

Но станарите тогаш бистреа политика, не беа единствени, и дозволија со нивното дворно место да стопанисува локалната самоуправа за да се обезбедува плата за партиски вработените лица.

Но ако веќе од Локалната самоуправа решија да им го одземат дворното место кое станарите го имаат во купопродажните договори и си платија легализација за земјиштето, тогаш барем надлежните нека се погрижат пред западниот дел од зградата, односно пред трите влеза  да извршат чистење на мермерот, отстранување на изникнатата трева и бојадисување на капаците.

Ако ништо друго, барем толку можат да направат за оние на чие дворно место тие станаа газди.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ