КОЧАНИ ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ У-23

Во Спорт
јануари 28, 2025
1 минути

Во Сабота, во организација на Боречка Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Спартак“,  Кочани ќе биде домаќин на „Државното првенство во борење слободен стил  У-23“.

На првенството кое ќе биде во машка и во женска конкуренција право на настап ќе имаат борачи родени 2002 и помлади, но со регистрација за настапи во 2025 година.

И момчињата и девојчињата ќе се натпреваруваат во 10 категории.

Натпреварите официјално ќе започнат во 11:30 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ