Во организација на Сојузот на училишен спорт – Кочани а во соработка со Федерацијата за училишен спорт на Македонија од 14-15.Мај 2025 година Кочани ќе биде организатор на Малите Олимписки Игри, „МОИ – Кочани 2025“.
Натпреварите ќе се одржат во Спортската сала при ООУ „Никола Карев“ – Кочани (футсал – момиња и девојчиња), Салата „Сашо Лазарев – Чапо“ (кошарка – момчиња и девојчиња) и на стадионот „Никола Мантов“ – Кочани (фудбал – момчиња и девојчиња).
Се очекува учество на повеќе од 250 натпреварувачи (ученици) кои како претставници на своите основни училишта ќе се натпреваруваат на овие игри кои воедно се и дел од Завршните Државни првенства
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ