КОЈ ЌЕ ЈА НАДОМЕСТИ ШТЕТАТА ОД ЧЕСТОТО ИСКЧУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА?:

февруари 12, 2023
1 min read

Во поскудните неколку седмици жителите на улиците од Плоштадот кон северниот дел на градот се соочуваат со чести исклучувања на електричната енергија. По изразено исклучувањето е по неколку пати особено навечер па жителите од овој дел на градот со право  стравуваат за нивните електрични уреди.

Ако ЕВН за се си наплатува, дали доколку прегорат некои од електричните уреди како последица на исклучи-уклучи штетата ќе ја подместат тие или ќе остават тоа да го решат осигурителните компании, секако доколку се електричните уреди осигурени. А што доколку не се осигурени, кој ќе ја надомести евентуално направената штета?

Од лица вработени во ЕВН дознаваме дека овој дел на градот уште е приклучен на т.н. планинска мрежа, па доколку дефектот се случи на Осоговските планини (кај Пониква) тогаш и тие снемуваат електрична енергија.

ЕВН последните неколку години изведува работи во топлиот период за што има редукција на електричната енергија, па пожелно е кога температурите ќе почнат да се искачуваат високо над нулата да се зафатат и оваа „неправда“ спрема некои жители во градот да ја отстранат, во спротивно сите дефекти што ќе се случат ќе мора да се решаваат по судски пат, а тоа сигурно никому нема да му одговара.

С.  Ивановски