КОЈ НА КОГО ПРОДАВА МАГЛА И БИСТРИ ПОЛИТИКА?

октомври 30, 2024
1 минути

Денес од Општина Кочани излезе информација дека Градоначалниците на Општина Кочани, Виница и Зрновци излегле со  заеднички предлози за депонирањето на комуналниот отпад и решавање на состојбата со Градската депонија во Кочани.

Се поставува прашањето: „Што имаат врска со Кочанската депонија градоначалниците на Општина Виница и Општина Зрновци? Со кое право тие дебатираат и изнаоѓаат некакви решенија за жителите на Општина Кочани ако се знае дека тие до неодамна имаа свои депонии. Од каде сега наеднаш излезе дека тие треба да решаваат за судбината на жителите на Општина Кочани.

Ако веќе нивните општини почнаа да вршат дотур на смет зошто не претходно не донесоа одлука нивните совети да се набават алги од нивни средства за да нема горење на сметот и чадење, или вака им е добро, ќе се држат за некакви договори претходно потпишани и ќе си ги штитат животите на своите жители за сметка на уништување на животите на жителите на Општина Кочани

Господа градоначалници, така не бива. Секој нека си го гледа и уредува сопствениот двор без да се руинира оној на „комшијата“.

За ваша информација, кога ќе се вратиме неколку години наназад ќе дојдеме до вистинскиот одговор. Да Кочани требаше да биде прифатен центар за сметот и од тие општини и веднаш истиот да се транспортираше во фабриката за преработка (согорување) на смет која требаше да биде изградена на просторот во Овчеполијата. Жителите на Општина Свети Николе не ја дозволија таа изградба и истата до ден денес не е започната а, зошто, нека градоначалниците што беа на денешната средба во Кочани одговорот го побараат од нивниот колега, Градоначалникот на Општина  Свети Николе на кого наводно му беа одземени ингеренциите и кој најавуваше распишување на референдум за решавање на овој проблем, референдум кој до ден денес не е започнат.

За крај еден апел до Градоначалниците на Општините Виница и Зрновци, решавајте си ги проблемите секој во својата општина, не продавајте магла и не бистрете политика бидејќи одамна, ама ептен одамна сте прочитани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ