КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО НА ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ: КОЧАНСКОТО ЗДРАВСТВО Е УНИШТЕНО

февруари 7, 2024
1 min read

Соопштение

Неспособноста на партиските војници кои неколку години го ,,водат” здравството во Кочани доведе до една грда слика и погрешна претстава за здравствените работници кои сакаат да работат и кои со својата стручност и професионалност планираат да ги подобрат состојбите овде, во нашиот град.

Според последната ранг листа на можности за здравствена заштита што ја направил Центарот за граѓански комуникации од Скопје, Кочани е во последната третина, т.е. на 19 позиција.Според истото истражување кое вклучува 22 индикатори, меѓу кои како најважни се земени човечките ресурси и квалитети во услугата, просторните искористени капацитети, бројот на жители на една матична ординација и бројот на деца по педијатарски ординации (Според Здравствена карта на Р. Македонија и расположиви податоци до крајот на 2021 година).

Кочанското здравство е меѓу последните на ранг листата според можности за здравствена заштита, и тоа е резултат на неколкугодишното менаџирање на неспособните кадри на СДС. Кочанската болница се до 2017 година имаше над дваесетина возила во возна состојба, имаше 24/7 лабораторија, рентген и централа, имаше функционална Итна медицинска помош, со еден збор, имавме функционална болница. Одговорните за уништеното локално здравство ќе мора да си ја признаат вината, да се извинат на граѓаните и никогаш, ама никогаш повеќе да не се обидуваат да ,,менаџираат” ако не се способни.

Кадрите на СДС докажаа колку само можат да уништат, а за тоа жив доказ е сликата на болницата во нашиот град. Со ваквото седумгодишно владеење се потрошени околу 30 милијарди евра, а здравството во Кочани е во постојан пад.

Комисија за здравство на

ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ