КОМПАНИЈАТА „ТОП ГРАНИТ“ БЕЗ НАДОМЕСТ ГИ ВРАТИ БУКВИТЕ НА СПОМЕНИКОТ НА РАДЕ КРАТОВЧЕ И ЉУПЧО САНТОВ

декември 24, 2024
0 минути

По објавата и приложените фотографии при положување цвеќе на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани а по повод празникот „11 Октомври“ потомците на Раде Михајлов Кратовче биле згрозени од глетката. Нешто од  букви со имињата и презимената на народните херои  имаше останато на споменикот но повеќето никаде ги немаше, едноставно исчезнале.

Но тие фотографија беа последното нешто што ја „прелија чашата“. Како никој од локалната самоуправа ваквата слика не го засегаше и ништо конкретно не се превземаше, тогаш потомците на Раде Михалов Кратовче решија да ја исправат неправдата спрема народните херои.

Компанијата „Топ Гранит“ и нејзиниот сопственик Христијан Цветков се зафатија за работа. Сето она што не беше добро го отстранија па почна буква по буква, ден по ден полека да ја склопува сликата.

Денес споменикот е испишан со букви кои секој може да ги прочита и со малку резон да ја разбере пораката од Србо Ивановски.

Споменикот си ја доби својата големина.

Голема благодарност до потомците на Раде Михајлов Кратовче и до компанијата „Топ Гранит“ и нејзиниот сопственик Христијан Цветков кој за неговото дело не сакаше никакви хонорари.

Ова е уште еден доказ дека младите си ја почитуваат историјата.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ