Вечерва во „Фоаје“ при НУ Центар за култура – Кочани, музичкото трио „Musica viva“ одржа концерт насловен како „Музички бисери во класичната музика“.
М-р Марија Илиева, Ангелина Павлова и Стојан Наумовски со својата изведба им подарија на присутните една незаборавна вечер.
Инаку ова е првиот културен настан во месец Јули кој го организира НУ Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како дел од нивната годишна програма.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ