Општина Кочани објави конкурс за доделување на 30 стипендии на редовни студенти жители на Општина Кочани за студиската 2022/2023 година запишани на студии од прв циклус на јавните високообразовни институции во Република Северна Македонија и тоа за следните категории на студенти: најмногу 5 (пет) стипендии за студенти од Ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести, 10 (десет) стипендии за студенти од социјално загрозени семејства, најмногу 5 (пет) стипендии за студенти запишани на факултети за медицински науки, а останатите стипендии за студенти кои постигнале висок успех во студирањето.
Сите подетални информации се на следниот линк: