Утре (Понеделник) се навршуваат четириесет денови како засекогаш не напушти Кочанската кошаркарска големина Сашо Лазарев – Чапо.
По тој повод неговите ученици од неколку генерации закажа кошаркарски натпревар во негова чест.
Натпреварот започнува во 21:00 часот а на полувремето на истиот ќе има натпревар во шутирање тројки, најголемото „оружје“ на Чапо со чии удари многу често во очај ги доведуваше противничките екипи.
Салата ќе биде отворена за гледачи а влезот е слободен.
С. Ивановски