КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ

февруари 23, 2023
0 минути

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената граѓанска крводарителска акција за месец февруари. На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 24  дарители и истата се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансуфузиона медицина – Штип.

„На акцијата крв даруваа 24 крводарители од кои тројца првократни и 11 млади дарители до 30 годишна возраст. Акцијата е 3 –ра по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани. Ја користиме приликата да се заблагодариме на крводарителите кои денеска даруваа крв и помогнаа во успешно спроведување на акцијата“  истакнаа од општинскиот Црвен крст.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ