Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска ја спроведе планираната редовна крводарителска акција за вработените во кочанската полиција.
На акцијата крв даруваа 13 крводарители.
Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Службата за трансфузиона медицина – Кочани.
Црвен крст Кочани во соработка со ОВР – Кочани во текот на годината спроведува три редовни крводарителски акции во просториите на полициската станица во месеците март, јули и ноември.
Црвен крст – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ