РЕАЛИЗИРАНА МЛАДИНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

ноември 28, 2023
1 минути

Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани денеска во малата сала во СОУ „Љупчо Сантов“ организираше младинска крводарителска акција.

На акцијата крв даруваа 10 лица од кои 7 првократни дарители, ученици и вработени во СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“, студенти и млади лица и истата се спроведе во соработка со екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

Целта на акцијата е промовирање на крводарителството кај младата популација и стимулирање на младите лица активно да се вклучат во обезбедувањето на доволно количество на крвни резерви во заедницата.
Црвен крст – Кочани упатува благодарност до сите крводарители и волонтери кои дадоа свој придонес во реализација на крводарителската акција.

Црвен крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ