„ЛЕТО ВО ДРУШТВО“ – ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ КРЕИРАНА СПОРЕД НИВНИТЕ ПОТРЕБИ

август 5, 2025
1 минути

Од 11 до 23 август во Кочани и околината ќе се случуваат разновидни активности за млади, креирани според нивните потреби.

ЦПКА-Малинска ги праша младите од Кочани, Чешиново-Облешево, Штип, Виница и Пробиштип како се чувствуваат во последниот период и кои се нивните потреби. Внимателно се слушнати 289-те млади кои одговорија на прашалникот и е понудена програма по нивна мерка.

Така настана летната програма за млади „ЛЕТО ВО ДРУШТВО“ што ја креираше тимот на ЦПКА-Малинска, во соработка со професионалци кои понудија спортски, уметнички, едукативни и психолошки работилници и активности. Заедно со соработниците и волонтерите од Кочани, со голема посветеност и љубов се креирани содржини за младите од Кочани и регионот.

Домаќини на програмата се Локалниот младински совет – Кочани и Општина Кочани

На крајот од програмата ќе се одржи изложба на која младите ќе ги споделат своите дела со јавноста.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ