ПРЕС НА АНТОНИО МИЛОШОСКИ ЧЛЕН НА ИК НА ВМРО ДПМНЕ

октомври 28, 2021
0 минути

Денес во Кочани членот на Извршниот Комитет на ВМРО  ДПМНЕ Антонио Милошоски во друштво на кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Папазов и членови на партијата одржа прес конференција во пресрет на вториот изборен круг на Локалните избори 2021.

„Днес сме во Кочани со идниот градоначалник Љупчо Папазов. Сметам дека поддршката од граѓаните е очигледна, приемот е многу добар. Првиот изборен круг покажа дека народот сака  промени и сметам дека како што се случи во Скопје, во Штип, во Велес, така и во Кочани во вториот изборен круг ќе имаме промени., затоа што изборот е дали луѓето ќе гласаат за еден перспективен градоначалник како Љупчо Папазов или за еден пропаднат политичар како Зоран Заев. Сметаме дека Папазов ги знае и проблемите и решенијата на градот за подобар услов за живот во Кочани, додека Заев се интересира само за тендери, за марихуана и стана најбогатиот премиер на најсиромашната за жал земја во Европа. Затоа на триесет и први кочанчани нека бидат заедно со победниците, да прославиме заеднички и од први ноември да се фатиме за работа затоа што не очекуваат многу важни проекти кои што треба да ги спроведеме на локално ниво а после паѓањето на Владата на централно ниво“ изјави Милошоски.

С. Ивановски