„ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021“ – ПРВИЧНИ НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ ВО КОЧАНИ

октомври 18, 2021
1 минути

Според Општинската Изборна Комисија – Кочани на „Локалните избори 2021“  од запишаните 32.972 своето право на глас го искористиле 16.535 (50,15%) гласачи.

За местото градоначалник важечки се 15.453 ливчиња а додека бројката на неважечки изнесува 1.082.

По пребројувањето на гласачките ливчиња кандидатот од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Љупчо Папазов освоил 7.490 гласа или 45,30%, а додека кандидатот на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ Николчо Илијев има освоено 7.963 гласа или 48,16%.

Од излезените гласачи за членови на Советот на Општина Кочани важечки се 15.665 ливчиња и 870 неважечки. По пребројувањето на гласачките ливчиња право за влез во Советот оствариле:

ЛДП и ДОМ                      756   (4,57%)

ВМРО ДПМНЕ              6.261   (37,87%)

СДСМ                                6.420   (38,83%)

ЛЕВИЦА                              846   (5,12%)

НЛ – Венко Крстевски  1.382   (8,36%)

Според моменталната состојба и остварените резултати за местото Градоначалник на Општина Кочани ќе има и втор круг на гласање, а додека Советот на Општина Кочани во периодот 2021 – 2025 би го сочинувале по 8 советници од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и по 1 од ЛДП и ДОМ, Левица и НЛ – Венко Крстевски.

Резултатите не се конечни а партиите имаат рок на жалба од 48 часа.

С. Ивановски