НОВА ПРОМОЦИЈА НА ИЗВИДНИШТВОТО ВО КОЧАНИ

ноември 29, 2023
0 минути

Денес во ООУ „Крсте Мисирков“ во Оризари беше извршена презентација за извидничкото движење. Презентацијата беше спроведена во две сесии. Првата беше наменета за учениците од одделенска настава, а втората за предметна настава.

Презентацијата ја спроведоа тројца поискусни членови и двајца старешини од ИО „Ластовица“ од Кочани.

За време на двете сесии на учениците им беа претставени основните начела и целите на извидничкото движење.

Исто така преку видео клипови се прикажаа и најинтересните моменти од досегашните активнности на кочанскиот извиднички одред.

Судејќи според интересот шо го покажаа децата од Оризари, можеме да бидеме сигурни дека во наредниот период извидничкото движење ќе стане секојдневие и во ова кочанско училиште.

За новите членови се планирани неколку теоретски обуки во самото училиште, а потоа и активности во природа

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ