Годинешното 23-то издание на традиционалниот Меѓународен меморијален турнир во борење – слободен стил „Легендите на Спартак“ годинава е закажано за 27 мај.
На турнирот право на настап имаат момчиња (родени 2009 – 2912) и девојчиња 9родени 2010-2012). Секој клуб учесник на турнирот има право на по еден натпреварувач во секоја категорија, а истите можат да настапат само со заверена легитимација од БФСМ или со пасош.
Натпреварите започнуваат со 11:00 часот додека финалните борби ќе започнат во 15:00 часот.
Учеството на турнирот досега го потврдија сите боречки екипи од република Македонија, како и екипи од република Србија, Грција, Косово и неколку клубови од Бугарија.
Годинешниот меморијален меѓународен турнир во борење „Легендите на Спартак“ ќе се одржи во Спортската сала на ООУ „Никола Карев“ во Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ