Во организација на Боречкиот Клуб „Борец“ од Велес денес во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се одржа традиционалниот Меѓународен меморијален турнир „Коцев Љубомир – Листон 2022“.
Младите борачи на „Спартак“ од Кочани постигнаа извонреден резултат. Настапија со осум борачи кои освоија 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали.
Милан Трендов во категоријата до 68 килограми го освои златниот медал, Андреј Соколов во категоријата до 44 килограми стигна до среброто а бронзените медали ги освоија Иле Иванов, категорија до 44 килограми и Дарјан Павлев, категорија до 55 килограми.
Останатите борачи имаа добри настапи но поради неискуството и лошата жрепка не можеа да се изборат за пласман на пиедесталот.
Освоените медали и целокупниот настап на младите борачи покажа дека во клубот сериозно се работи, има дечиња кои претставуваат една убава иднина за најтрофејниот клуб во „градот на оризот“.
С. Ивановски