СИТЕ НАТПРЕВАРИ РЕГИСТРИРАНИ, И СЕ Е ПОЗНАТО ВО ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
мај 19, 2023
1 минути

На состанокот на Трета Фудбалска Лига – Исток што се одржа на 17.05.2023 година беа регистрирани резултатите од последното 22-ро коло во Трета Фудбалска Лига – Исток а се постапи и по жалбата на ФК „Академија Чешиново-Облешево“ за одиграниот натпревар против ФК „Спартмани“, одигран на ден ден 14.05.2023 година во рамките од 22-рото коло.

Имено ФК „Академија Чешиново-Облешево“ поднесе жалба на натпреварот против ФК „Спартмани“ за настапот на играчите со број 1, 10, 11, и 16 бидејќи како што е образложено „не се тие играчи во записникот, при што не може да им се открие иднтитетоти воопшто не се регистрирани за ФК „Спартмани““.

По разгледување на комплетната документација натпреварот од 22-рото коло „Академија Чешиново-Облешево“  – „Спартмани“ е регистриран со службен резултат 3:0 во корист на „Академија Чешиново-Облешево“

И неодиграиот натпревар од 12-тото коло „Академија Чешиново-Облешево“ – „Брегалница сениори“ се регистрира со службен резултат 3:0 во корист на „Академија Чешиново-Облешево“.

Со овие две победи „академците“ го зазедоа 7-мото место во конечната табела.

ГФК ОСОГОВО од Кочани е ПРВАК на ТФЛ Исток за 2022/23 со освоени 51 бод,
Најмногу постигнати голови,    Тоше  Манов(ГФК Осогово) вкупно 32
Фер Плеј екипа е екипата на ФК ТИВЕРИЈА од Струмица

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ