ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ДА СЕ РЕШИ ШТО ПОБРГУ ХАОСОТ НА РАСКРСНИЦАТА ВО СТРИШАНИ

октомври 28, 2022
0 минути

„Да се реши што побргу хаосот на раскрсницата кај Разно Промет во Стришани како и паркирањето на булеварот кој каде ќе стигне. Се паркираат и од левата и од десната страна , ништо не е обележано, не дај боже некое дете да настрада“ е реакцијата на граѓанин кој како што истакнува секојдневно минува на оваа релација која со новиот булевар наместо да се регулира подобро сообраќајот сега е вистински хаос.

Граѓаните и учесниците во сообраќајот реагираат, на потег се службите за регулирање на сообраќајот.

С. Ивановски