МОТО КЛУБ „ЖЕЛКИ“ – КОЧАНИ ФОРМИРАШЕ НОВ СЕКТОР ЗА СПОРТ СО НАТПРЕВАРУВАЧКИ КАРАКТЕР

Во Спорт
април 18, 2024
1 минути

Во Програмата за работа на Мото Клубот „Желки“ од Кочани за 2024 година вклучен е и ново формираниот сектор за спорт во кој што се опфатени повеќе тркачки дисциплини како што се:

– Супер спорт (брзински мото натпревари),

– Мотокрос

– Ендуро натпревари

Во тековната 2024 година во Мотокрос дисциплината во класата МХ 2, Мото Клубот „Желки“ – Кочани учествува со двајца нови млади членови кои својот прв официјален дебитантски настап го забележаа минатиот месец со учество на мотокрос натпревар од Државниот шампионат кој се одржа на патеката „Милци“ во Гевгелија.

За нашиот тим и клуб најдобриот резултат беше тоа што  нашите натпреварувачи Јован Костадинов и Кире Манасиев успеаја да ги завршат двата натпревара кои се возеа во ист ден во разлика од само неколку часови.

Следниот викенд, поточно на 21.04 2024 година (Недела) на патеката „Орман“ во Скопје ќе се одржат вторите два натпревари во мотокрос трките од Државниот шампионат на кој нашиот тим и нашите натпреварувачи повторно ќе настапат и ќе се обидат да се пласираат на што е можно  подобра позиција и остварат што подобар пласман.

Секоја поддршка е добредојдена од нашите сограѓани кои ќе бидат во можност да дојдат и да не подржат.

Како тим упатуваме голема благодарност до колегата Дениз Али од Штип кој го отстапи својот мотоцикл на нашиот натпреварувач Јован Костадинов за да може да учествува, бидејќи поради технички проблеми на неговиот мотор ќе беше спречен да учествува на оваа трка.

Мото Клуб „желки“ – Кочсни

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ