Последните денови беа упатени низа критики за расфрланиот смет на „Пониква“, почнувајќи од тоа дека сметот се фрла на кој каде ќе му текне, дека некои коњи го ваделе сметот од контејнерите и потоа го растурале како и неажурноста на оние кои треба да го собираат.
Денес вработени од КЈП „Водовод“ за да колку-толку ја заштитат природата и „Пониква“ биде место за убави викенди, поставија 5 нови контејнери со капаци, од кои 4 под настрешницата и еден пред одморалиштето на МВР, а додека 2 од старите се поставени на просторот кај „Аеродромот“.
Сега се е оставено на совеста на излетниците, односно посетителите на „Пониква“.
Задачата на оние кои ќе сакаат да фрлат сметот не е ни малку тешка, доволно е да изразат желба да го повлечат капакот, да го фрлат во контејнерот сметот и пак да го вратат капакот во првобитна положба, така да нема да има ниту непријатен мирис ниту смет расфрлан на секаде.
Значи на потег се сега излетниците.
С. Ивановски