НА ПРВАТА ПРОВЕРКА „ОСОГОВО“ НИТУ ПОБЕДИ, НИТУ ЗАГУБИ

Во Спорт
јули 22, 2026
0 минути

Фудбалерите на „Осогово“ го одиграа првиот од четирите договорени контролни натпревари во пресрет на првенството во Втората Фудбалска Лига.

„Жетварите“ денес гостуваа во Валандово каде за противник ја имаа екипата на „Победа“, минатогодишниот шампион во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Натпреварот заврши без победник 1:1. Кочанчани први го открија резултатот а домаќините во финишот на полувремето израмнија на 1:1 и со тој резултати заврши средбата.

Вториот натпревар играчите на тренерот Крсте Крстев ќе го играат во Сабота (25 Јули) кога на стадионот „Никола Мантов“ ќе гостува новиот второлигаш „Еуромилк“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ