ЖРЕПКАТА ЗА БАРАЖ НАТПРЕВАРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗАКАЖАНА ЗА 25 МАЈ

Во Спорт
мај 16, 2023
1 минути

Познати се петте шампиони во петте региони како и екипата која се пласираше на 13-тото место по завршувањето на натпреварите во Втора Фудбалска Лига кои ќе учествуваат во бараж натпреварите за влез во Втора Фудбалска Лига за првенството 2023/2024 година.

„Осогово“ (Кочани) „Вардар“ (Неготино), „Башкими (Куманово), „Новаци“ (Новаци), „Влазрими“ (Кичево) и „Тетекс“ (Тетово) на 25 Мај ((Четврток) ќе бидат во „шеширот“ при жребувањето на двојките.

Трите победници од трите натпревари директно влегуваат во Втората Фудбалска Лига додека преостанатите два клуба со жрепка ќе бидат одредени за натпреварувачката 2023/2024 во Взора Фудбалска Лига.

Од Првата Фудбалска Лига единствено „Победа“ (Прилеп) испаѓа во Втората Фудбалска Лига, додека „Ренова“ (Џепчиште) се сели во Општинската фудбалска лига што автоматски отвора простор на пет од шесте екипи за влез во Втората Фудбалска Лига.

Бараж натпреварите ќе се играат на 28 Мај (Недела).

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ