НАЈАВА ЗА МЛАДИНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

ноември 26, 2023
1 минути

Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ во вторник на 28 ноември ќе ја реализира предвидената младинска акција за дарување на крв
Акцијата е наменета за сите средношколци над 18 години, студенти и млади лица и ќе се реализира во периодот од 9 до 14 ч. во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.
„Акцијата е 17 по ред што се реализира во тековната година, а втора акција исклучиво наменета за средношколци и млади лица. Ги повикуваме сите млади лица над 18 години, средношколци и студенти да се вклучат во акцијата и со хуманиот гест на првократно крводарување да станат дел од големото семејство на крводарители“, истакнаа од Црвен крст Кочани.
Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација


Црвен крст

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ