Според порталот www.komarec.com.mk Наталија Карова (Карате Клуб „Кочани“) и Даријан Павлев (Боречки Клуб „Спартак“) прогласени се за најуспешни спортисти на Кочани за 2023 година.
Порталот така одлучи а тоа е според постигнатите резултати што ги имале овие млади спортисти во годината што замина а преку целата година беа објавувани на страната.
Наталија Карова освен како освојувач на медали од одржаните домашни и меѓународни турнири, таа на Државното изборно првенство до 21 година се пласира на второто место со што обезбеди настап на Балканското првенство во Словенија. На Карова малку спортска среќа и недостасуваше во плеј-офот за да обезбеди директно учество и на Европското првенство.
Даријан Павлев меѓи многубројните освоени први места на домашни и меѓународни турнири за одбележување е и пласманот на Балканското како и на Европското првенство до 15 година. Павлев е државен првак во неговата категорија а на свеченоста во Прилеп кон крајот на минатата година Боречката Федерација на Македонија го прогласи за борач на годината во категоријата до 57 килограми.
За постигнати врвни резултати и освоени оваа година пет златни медали на големите меѓународни турнири, Европски и Светски првенства во бенч категоријата признанието „Спортска личност на Кочани за 2023 година“ му беше доделено и на Лазар Захариев, еден од најголемите амбасадори на Кочани во изминатите години.
На сите тројца наградени, уредникот на порталот им додели плакети.
На церемонијата Претседателот на БК „Спартак“ – Кочани Зоран Сребренов на уредниците на порталите „Гласно“ и „Комарец“ им ги врачи признанијата кои им беа доделени од Боречката Федерација на Македонија.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ