Ова на фотографиите се скалите кои од блокот Б во Градскиот Трговски Центар водат кон плочникот кај фонтаната.
Од фотографиите се гледа дека скалите на нивните ивици се доста оштетени. Оштетувањето не може само од себе да биде, се гледа дека главен виновник е човечкиот фактор.
Истовар на роба со колички, возење на скироли и ролери се се тоа причините за уништувањето на заедничкото добро.
Апелите да се поставуваат надзорни камери не ги дадоа посакуваните резултати па сега секој на секого може да ја фрли вината. Доколку имаше камери виновниците ќе ја надоместеа штетата, вака ќе чекаме се да се уништи а виновниците да ги бараме онаму каде што не им е местото.
За жал се е ова последица за големата простота кај дел од населението, за жал таквите ни се сограѓани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ