НЕРЕШЕНО ВО КОЧАНИ, ПО КОИ ФУДБАЛСКИ ПРАВИЛА СУДЕШЕ СУДИЈАТА?

март 20, 2022
1 min read

Во натпревар од 20-тото коло од Втора Фудбалска Лига – Исток, по сончево но мошне студено време проследено со ветер денес во Кочани „Осогово“ и „Пехчево“ одиграа 1:1 (0:0).

Натпреварот беше од големо значење за двете екипи, домаќините со победа да осигурат место кое сигурно ќе ги однесе во единствената Втора лига гоја стартува следното првенство и гостите кои со победа ќе им се приближат на кочанчани. За жал на двете екипи денес во центарот на вниманието беше главниот судија Владимир Ѓорѓиевски и неговиот прв помошник Петар Степановски, и двајцата од Битола. Главниот судија за цело време ја сецкаше играта не дозволувајќи играчите да направат некоја посериозна акција, судеше со доста задоцнување а давањето предност за него денес беше „мислена именка“.  Неговиот прв помошник како да беше отсутен од натпреварот офсајд не сигнализираше кога тој постоеше а кога немаше само што ќе му подвикнеа играчите веднаш го креваше знаменцето. Со такво судеше нема игра, но залудно се пишува кога судиите кај нас се најзаштитените во фудбалот.

Во игра без игра гледачите вопрвото полувреме видоа само една изгледна шанса за гол а ја имаа гостите во 43’ јога по одличниот контра напад Ангелов иако сам пред домашниот голман Андов успеа да бие непрецизно и на одмор да се замине со мирни мрежи.

И во второто полувреме главна фаца на теренот беше судијата и неговите чудни одлуки. Во 62’ еден гостински играч и еден домашен играч трчаа за топката,имаше обострано повлекување во шеснаесетникот, по што и двајцата се најдоа на земјата а судијата покажа  на белата точка, протестите на домашните беа залудни а Ступиќ рутинирано го изведе ударот од белата точка и „Пехчево“ поведе.

„Жетварите“ почнаа да напаѓаат со сите сили но никако не успеваа да ја затресат мрежата на противникот. Правдата беше задоволена во 73’ кога по една нафрлена топка гостинскиот голман Богдановски катастрофално погреши, се судри со двајца свои играчи, ја испушти топката а Манов не знае да опростува во вакви ситуации, беше прецизен и резултатот беше изедначен. Се што се случуваше до крајот беа обидите на домаќините да дојдат до трите бода но сите напади завршуваа на обиди.

Резултати од 20-тото коло:

„Осогово“ – „Пехчево“  1:1

„Локомотива“ – „Каменица Саса“  0:4

„Кожуф“ – „Слога 1934“  1:0

„Детонит јуниор“ – „Победа“  2:5

„Братство“ – „Беласица“  0:3

И покрај поразот на првото место е „Слога 1934“ со 42 бода пред „Победа“ и „Беласица“ по 41, „Каменица Саса“ 40, „Осогово“ 27, „Кожуф“ 26, „Пехчево“ 23, „Детонит Јуниор“ 20, „Братство“ 13, „Локомотива“ 6.

Во следното коло „Осогово“ и гостува на „Каменица Саса“

С. Ивановски