ДОБРИ ДОМАЌИНИ СЕ ПОКАЖАА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО МОЈАНЦИ

октомври 2, 2023
1 минути

Годинава, во склоп на 32. издание на манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз“ село Мојанци беше дел од организацијата. Имено последниот ден од манифестацијата зажнејувањето, вршењето на гумно и прогласувањето на најуспешниот оризопроизводител за 2022 година, а сето тоа проследено со културно-забавен дел се случи во Мојанци.

И веднаш да кажеме дека жителите на ова Кочанско село се покажаа во мошне добро светло, се покажаа како добри домаќини што ги радува организаторите што кога одлучиле Мојанци да биде дел од организацијата не погрешиле.

И навистина имаше што да се види вчера во Мојанци. Домаќините се погрижија со украсувањето на нивните дворови и огради со карактеристични предмети и ткаенини од овој крај да им ја доловат атмосферата на гостите кои ги имаше од секаде.

Посебна приказна беше подготвената трпеза на која имаше речиси се, како што вели народот „од пиле млеко“. Лапа, пилав, сутлијаш, тава ориз, зелници, погачи, кифлички, баклава, и други колачи, беа декорот што ги красеше масите каде сето тоа гостите требаше да го вкусат.

И сега, кога некој би ја оценувал комплетната годинешна организација околу манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз“ повеќе од сигурно е дека оценката ќе биде висока.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ