ДВА ТОНИ ХРАНА И СРЕДСТВА ЗА ХИГИЕНА ЗА СОЦИЈАНО ЗАГРОЗЕНИТЕ КАТЕГОРИИ ДОНИРАШЕ РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“

јануари 4, 2023
1 минути

Ротари Клуб „Кочани-Виница“ во духот на празниците, денес донираше околу 2 тона храна и средства за хигиена на сограѓани од социјално загрозените категории од Општините Кочани и Виница.

Средствата потребни за обезбедување на донацијата клубот ги обезбеди преку организацијата на донаторската „Оризова вечер„ која се одржа минатата година.

Со цел да донацијата допре до сограѓаните на кои најповеќе им е потребна помошта, акцијата за дистрибуција на паќетите е во соработка со невладнините организации „Благородна Мисија – Кочани”, „Умиление – Виница”, „Мобилност – Кочани”, „Воскресение – Кочани”, здруженија кои најтесно соработуваат со оваа категорија на сограѓани.

Во име на Ротари Клубот „Кочани – Виница“ претседателот Сашко Андонов им ги честита Новогодишните и Божиќни празници на сите сограѓани и им посакува многу здравје, среќа и благосостојба.