Распеано, разиграно и со насмевки на лицата дечињата од сите групи од Приватната детската градинка „Амичи“ од Кочани ја одржаа Новогодишната забава.

Во салата на Мулти Културниот Центар во Кочани со новогодишни песни и игри им приредија прекрасна забава на своите роднини и пријатели кои салата ја наполнија до последното место.

Посебна атракција за сите нив а и за гостите беше доаѓањето на популарниот Дедо Мраз кој им раскажа на дечињата од каде доаѓа и со каква цел, по што им беа доделени новогодишните паќетчиња од страна на Менаџерскиот тим на „Амичи“.

Прекрасна вечер и прекрасна забава.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
