Во месец Октомври започна обновувањето на фасадата на зградата на некогашниот „Комитет“ во Кочани.
Четврти месец се прави ама како што стојат работите никако да се направи.
Поставените скелиња од западната и јужната страна го попречуваат слободното движење на пешаците па истите мора да го заобиколуваат паркинг просторот за да поминат.
Глетката е непријатна бидејќи на тротоарот се е расфрлано.
Изведувачот си тера по свое но чудно е што инвеститорот не реагира доколку рокот не е запазен или и овој објект за да се запази рокот на брзина ќе биде изработен слично како кејот на Кочанска река, од последниот мост до рекреативниот центар „Бавчалук“.
С. Ивановски