Натпреварите и возбудувањата продолжуваат на Петровденскиот турнир во мал фудбал.
И третиот ден се одиграа два натпревари кои донесоа интересен и ефикасен но преди се фер и коректен фудбал.
Во првиот натпревар „Филитеа“ со сигурна игра го совлада „Еуро петрол“ со 4:2 (1:0), додека во вториот натпревар „Амфенол“ му го нанесе и вториот пораз на „Магнифициент“. Екипата на „Амфенол“ со сигурно и преди се ефикасна игра особено во второто полувреме победи со 6:1 (1:0).
Турнирот продолжува и во Сабота кога на програмата се два нови натпревара.
19:00 „Осоговска куќа“ – „Ауто Велт“
20:00 „Голден бојс“ – „Рели“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ