ОД ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ОД СЕЗОНСКИ ГРИП

ноември 4, 2021
1 минути

Од денеска започна пријавување за вакцинација против сезонски грип. Сите заинтересирани може да се пријават преку пополнување на формата на страницата vakcinacija.mk, а по пат на СМС ќе добијат информација за резервиран термин на пунктот кој ќе го изберат при регистрација. Веќе трета година по ред вакцината за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години е бесплатна.

Вакциницијата против грип не штити од Ковид 19, но истата е многу значајна во услови на пандемија со Ковид 19 и влијанието на здравствениот систем. Ризичните групи за грип се истите кои се под најголем ризик и од Ковид 19, поради што се препорачува вакцинација против грип на истите. Граѓаните кои се вакцинирани со вакцина за Ковид 19, вакцина за сезонски грип може да примаат 14 дена по ревакцината за Ковид 19.

ИЗВОР: Позајмено од ФБ профилот на Венко Филипче