СПРОВЕДЕНА ВТОРАТА ФАЗА ОД ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО КОЧАНИ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

ноември 12, 2024
0 минути

Согласно Програмата  за спроведување општи мерки  за заштита на населението  од заразни болести на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година и врз основа на договорот кој Општина Кочани го склучи со носителот на набавката „Лиса ком МС“, од Кавадарци, во петокот, на 8 ноември е спроведена втората фаза од општата дератизација во Кочани.

Во координација со Општина Кочани и со поддршка од технички  персонал  од   КЈП „Водовод“, со дератизација се опфатени Градската депонија и канализациските системи во Кочани, како и селата Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Тркање, Прибачево и Оризари.

Во втората фаза од дератизацијата се употребени 250 кг кумарински препарат во облик на парафински блокови кумарински мамки.

Општина  Кочан

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ