Двете фотографии во прилог на текстот се од вчера (Сабота), а се направени на железничката пруга во близина на стадионот „Никола Мантов“.
Од двете страни на местото каде што стоевме за да ги направиме фотографиите ниту се гледа или пак делумно се гледа железничката пруга. Праговите се доста оштетени (изгниени) и се обраснати со трева која моментно стигнува над колената со тенденција и понатака да расте.
Ништо подобра не е и состојбата на двете страни од шините, е таму не само трева, туку и високи грмушки.
„Македонски железници“ абер немаат да почнат да го чистат тој дел, а ако општината се нафати да чисти барем дел од израстените грмушки или високата трева бидејќи во летниот период тоа е дом за змии и други влечуги од „Македонски железници“ не дозволуваат, а како што дознаваме според нивно убедување никој освен нив нема право да го уредува тој дел на просторот.
Дали населението кое повеќе од седум децении има семејни домови покрај самата пруга заслужува ваков третман од бирократијата во „Македонски железници“? Е прашањето на кој некој мора да одговори.
Ако оној кој истакнува дека просторот околу железничката пруга е под негови ингеренции й не сака да го среди просторот, тогаш барем нека ги остави жителите самите да бараат начин како да си ги заштитат имотите од змиите и другите влечуги без да ги „навредат“ оние од „Македонски железници“.
Ако е и од „Македонски железници“, многу е.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ