По повод европска недела на имунизацијата екипа од службата за имунизација при „Општа болница со проширена дејност”- Кочани излезе на терен во Градскиот парк отворено да разговара со родителите на децата и да ги реши сите дилеми во врска со имунизацијата.

Вакцините спасуваат животи и здравјето на идните генерации зависи токму од вакцините.


Со навремена имунизација го штитите вашето дете од заразни болести од опасни бактерии и вируси кои не опкружуваат насекаде.

Не можеме да ги уништиме вирусите и бактериите, но можеме да се имунизираме и да се заштититеме.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
