Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, доктор и персонал од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна септемвриска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 35 крводарители од нив 8 лица до 30 годишна возраст и еден првократен дарител.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Црвен Крст – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ