СЕ РЕНОВИРААТ САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

јули 5, 2023
1 минути

ОУ ,,Св.Кирил и Методиј“ Кочани во соработка со Општина Кочани и Министерство за образование и наука започна проект за целосна санација и реконструкција на санитарните јазли во училиштето.

Со овој проект е предвидено целосно реновирање на санитарните јазли на приземјето и на меѓукатот во училиштето, со отстранување на 274,22 м2 стари керамички плочки и поставување нови, како и замена на целокупната стара доводна водоводна и електрична инсталација со нова, замена на старите санитарни елементи и PVC-врати.

Се очекува проектот за реконструкција да заврши до крајот на летниот распуст.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ