ОД СЛЕДНИОТ ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВААТ УПИСИТЕ ВО ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ВО КОЧАНИ

мај 11, 2026
1 минути

Од следниот Понеделник (18.05.2026 година) започнуваат уписите  за  учебната  2026/2027  во  ООМУ  „Ристо  Јуруков“ – Кочани.

Уписите се однесуваат за:

-За пијано и виолина за ученици кои во учебната 2026/2027 година ќе бидат прво одделение;

-За гитара, хармоника, флејта и народни инструменти (кавал, тамбура и тапан) за ученици кои во учебната 2026/2027 година ќе бидат четврто и петто одделение.

Потребен документ при уписот е приложување на Извод од матична книга на родените (фотокопија).

Уписите ќе траат од 18.05 до 10.06 2026 година, секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот во просториите на училиштето (Комплекс АСНОМ).

Телефони за контакт: 070-346-141 и 033-273-207 или на [email protected]

ООМУ „Ристо Јуруков“

Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ