Во пресрет на 20. Септември – Меѓународниот ден за чистење на планетата (World Cleanup Day), КЈП “Водовод” Кочани, Општина Кочани, СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани, ООУ „Никола Карев“ – Кочани спроведоа акција чија цел е подигнување на свеста за потребата од чиста животната средина.
Вработени од сектор Градско зеленило во акцијата се вклучија со сопствена механизација при што вршеа активности за косење во и околу локацијата на спомен домот АСНОМ.
Вработени од сектор Комунална хигиена во акцијата се вклучија со сопствена механизација при што вршеа собирање, метење и изнесување на околу 8м3 секаков вид на отпад во и околу локацијата на спомен домот АСНОМ.
Ученици од основните и средните училишта од Кочани раководени од професори-ментори во акцијата се вклучија со чистење на околината на спомен домот АСНОМ од отпадоци кои беа расфрлани по тревната површина.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина !!!
КЈП „Водовод“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ