ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ ВО ОРИЗАРИ

ноември 17, 2023
0 минути

Вистинско музичко шоу во кое во главната улога беа учениците од прво до деветто одделение претставуваше свечената академија што по повод патрониот праник се одржа во салата на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари. Учениците од прво до петто одделение блеснаа на сцената и преку своите музички точки зборуваа за сплотеноста, за љубовта, за другарството, меѓусебното разбирање и порачаа насекаде да има насмевки и музика. Учениците од шесто до деветто одделение беа вистински актери, кои преку скеч ја насмеаја публиката, а подготвија и драма „Печалбарството некогаш и сега“.

Салата на училиштето беше исполнета до последно место, а учениците за своите изведби добија силен аплауз.

Поздравен говор имаше директорката на училиштето Соња Иванова, а пред присутните во преполната училишна сала се претстави и хорот и оркестарот на училиштето кои ја изведоа и државната химна. На бистата пред патронот Крсте Петков Мисирков цвеќе положија претставници од општината и училиштето, а наградените ученици на литературниот конкурс по повод патрониот празник ги прочитаа своите литературни творби.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ