Еј, сдсм-овци. Кој ве лаже да лажете ?
Читајте членови и симпатизери на СДСМ: некој во ваше име напишал, „… е одобрен проект на Здружение во сопственост на наш сограѓанин – сопственик на медиум во Кочани“. Тој сограѓанин ќе да е Лазо Димитров, бидејќи тој е сопственик на ТВ Кочани ЛД. Првата приватна телевизија во Кочани, која четврта година бесплатно ги снима седниците на Советот, односно работата на советниците, затоа што поради неспособност, локалната власт не најде начин да и надомести за тоа што го сработува. И не само на неа.
Видете чудо. Кочани е мал град во кој се се знае. Ама кој знае. Кој не знае тресе зелени.
Лаже. За жал на марионетниот сдсмовец, Лазо Димитров нема здружение на граѓани. Не е сопственик. Ниту некогаш бил. Штета што не сте знаеле. Затоа, ако сте доследна и одговорна партија – треба да се извините. Јавно!
Но, во што е нечовечноста на „пролазните“ поединци во сдсм. Дури и да регистрирал Л.Д. здружение, и да направил добар проект, и да бил одобрен од меѓународната организација. Во што е неговиот грев. Дали затоа што ќе донел 5-6.000 евра во градот странски пари, кои би се распределиле на повеќе стручни лица (доктори, наставници, училишта)? А, бре, пријатели, затоа не ни ја бива ни државичката, ни општината…, заради козата на комшијата … Ама, среќа што немам Здружение па залудно се брукате кај граѓаните. Наредниот пат јавете се и прашајте. Инаку, летово планирав да отворам инкубатор за комарци, ама се плашам од реакција во стилот „ … еден сопственик на медиум…“
Патем, погледнете си околу себе. Некои други стварни и лажни сопственици на еден ист медиум пред некоја година, кога дојдоа на власт, и претходно, си вработуваа ќерки, сопруги, синови…
Запрашајте се дали можеби поради тоа добивте неколку гласови помалку, па на последните избори Давид го победи Голијат …
Кога сте кај проектите, наместо како партија да се запрашате зошто од десетината најавени капитални (спа центар, катна гаража, дом за стари, куќи за жителите на касарната, „Речани“, пазар, парк Локубија …), за четрири години „во неразјаснети околности“, не се реализираше ни еден посериозен, (освен скапи плочници и смешни кружни), вие се пентерите со „детски работи“.
Потпис: Сопственикот на медиумот