И годинава благодарение на големите заложби на вработените и учениците од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани традицијата продолжи, се одржа „Новогодишниот концерт“, кој секоја година во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ги разгалуваше срцата на кочанчани и му даваше еден посебен белег на празничното расположение.
Годинава концертот се одржа во салата на „Мултикултурниот центар“ во Кочани, без присуство на публика но онлајн преку фејсбук страната на училиштето.
И годинава изведбите беа прекрасни, онака како што личи на големите концерти.
Граѓаните, оние кои го следеа концертот преку своите компјутери, односно лаптопи полни со импресија оддаваат една посебна благодарност кон комплетниот тим што им го пружи ова предновогодишно задоволство.
С. Ивановски