Денес во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“ се одржа најавениот „Предновогодишен турнир во шах“ на кој учествуваа 16 шахисти од најразлични категории и сите од Општина Кочани.
Се играше на 8 табли Швајцарски систем, 6 кола по 10 минути. Беа одиграни повеќе интересни и неизвесни партии што само по себе зборува за големината на турнирот. По одиграните партии следуваше прогласувањето на најуспешните.
Годинешен победник на „Предновогодишниот турнир во шах“ е Стаменков Ванчо, на втората позиција се пласираше Јовановски Владо а третото место му припадна на Захариев Ванчо.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ