ОДРЖАНА ДЕБАТАТА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

декември 22, 2021
1 min read

Во рамките на проектот ReLOaD2 што го реализира Општина Кочани со Програмата за локална демократија – УНДП, во салата на Советот на Општина Кочани (венчална сала), беше одржана Дебата со граѓанските организации од Општина Кочани за приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од интерес на граѓаните и општината.

На дебатата беа разгледани приоритетите од областа на: туризмот, социјалната инклузија, заштита на животната средина и младински иницијативи и истите во предлози на граѓаните беа дополнети.

Вклучувањето на Општина Кочани во реализација на оваа регионална програма на УНДП претставува нов значаен поттик за натамошно унапредување на соработката со граѓанските организации.