ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

јули 25, 2022
0 минути

На 24.07.2022, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, Полициските станици Кочани, Свети Николе и Македонска Каменица и претставници на шумски стопанства на подрачјата на повеќе села во овие општини спроведоа превентивни активност за заштита од пожари.

Притоа, извршени се обиколки и патролни служби на повеќе локации, беа поделени летоци со едукативна содржина, а беше разговарано со населението како да се заштитат себе, имотите и шумите од пожари.

ИЗВОР: Дневни објави од СВР Штип